Од полноќ нема веќе полициски час
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2021
Владата пресече – од полноќ нема полициски час.
Владата го укинува ограничувањето на движењето на граѓаните и почнувајќи од полноќ, повеќе нема да има полициски час. Укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави. Одлуката е донесена по препораката на Комисијата за заразни болести, која порача дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на корона вирусот, но и со зголемувањето на бројот на вакцинирани.
За 24 часа во земјава има 29 заразени со коронавирусот, а починати нема.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.