19 Декември, 2025
0.6761

Од полноќ поскапуваат Еуросупер 98 и мазутот

Објавено во: Економија 07 Мај, 2013 20:53

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ за половина денар ќе се зголеми малопродажната цена на Еуросупер БС-98 и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм. Цените на Еуросупер БС-95 и дизелот остануваат исти, но затоа поскапува мазутот.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, период на кој се прави корекцијата на цените на горивата кај нас, изнесуваше 101,066 долари за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, а за 0,18 отсто е повисок курсот на денарот во однос на доларот во овој период.

Утринава пад на цената на нафтата

Инаку денеска на светските пазари цената на суровата нафта изутринава се намали, откако трговците го собраа профитот оставарен по добрите резултати на американскиот пазар на труд и растот на тензиите на Блискиот Исток.  Американската лесна нафта за испорака во јуни поевтини на берзата во Њујорк за 60 центи на 95,56 долари за барел, а на берзата во Лондон барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 40 центи на 105,06 долари.

Трговците исто така ја следат ситуацијата на Блискиот Исток, откако Сирија предупреди дека ќе одговори на воздушните напади на Израел на воените цели во околината на Дамаск.

Следното ревидирање на цените на бензините кај нас од страна на Регулаторната комисија за енергетика ќе биде направено на 20-ти мај.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра