05 Декември, 2025
0.2782

Од Радовиш до Струмица ќе се вози со 100 киломери на час, магистралата готова во јануари

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2012 20:02

Добивај вести на Viber

За 2 месеци, на местото на коцката, модерна магистрала треба да ги поврзе Радовиш и Струмица.  Патниот правец е во должина од 10 километри на кој е предвидено брзина на движење од 100 километри, наместо досегашните 40 километри на час. „Агенцијата за државни патишта и изведувачот „Гранит“ и во наредните неколку недели ќе продолжат со интензивно темпо на изградба и на почетокот на следната година ќе се заврши овој патен правец. Калдрмата ќе биде минато, а овој модерен пат ќе биде иднината која ќе помогне за граѓаните од овој регион да се возат безбедно и да имаат полесен пристап до Штип, па и до Скопје“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески, кој денеска беше во најавена посета на градежниците што работат на патот. Посетат ја искористи и за да најави дека во наредните четири години во патната и во железничката инфраструктура ќе се реализираат крупни проекти како што е проектот за проширување на патниот правец Велес - Кадрифаково. Потоа, посочи тој, во наредните четири години ќе се работи на автопатот Демир Капија - Смоквица како еден од најголемите проекти, а Владата бара пари и за реализација на автопатите кои беа најавени од Кичево до Охрид и од Миладиновци до Штип. Патниот правец Радовиш чини 445 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Република. Со рокот веќе се доцни, бидејќи работата прво ја имаше добиено хрватската групација ИНГРА во време кога компанијата се соочуваше со големи финансиски проблеми. Владата во средината на јуни, токму поради доцнење со роковите, го раскина договорот со Хрватите, ја наплати банкарската гаранција и градежните работи на делницата ја зема „Гранит“. Како што веќе објави Фактор, моментално се асфалтираат последните десет километри од патот кај селата Сурдулци и Радичево. Патот Струмица–Радовиш е дел од магистралата Струмица-Штип, која почна да се гради пред дваесет години. Во изминативе две децении се изградија неколку делници, но целиот пат не беше довршен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец