05 Декември, 2025
0.0934

Од Скопје до Приштина, од Велес до Штип, ќе се оствари ли градежната офанзива на патиштата?

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2013 19:38

Добивај вести на Viber

Македонија, барем според најавите годинава треба да очекува почеток на градежните работи на повеќе патни правци. За земјава значајни секако се изградбата на последниот дел од Коридорот 10, Демир Капија Смоквица, како и најавата на косовската Влада за автопат од Приштина до границата со Македонија. Во тој случај земјава би требала да влезе во реализација на идејата за автопат од Скопје до Блаце, со што овој патен коридор би станал модерен. Третата исклучително важна делница која годинава треба да добие сосема нова физиономија е магистралата Велес-Кадрифаково, со што патувањето до Штип ќе стане и побрзо и побезбедно.Долга е 23 км, а на таа делница често се случуваат тешки сообраќајни несреќи со трагични исходи. Според планот, овој пат ќе прерасне во експресен, односно од сегашните 6,7 метри широчина, коловозот ќе се прошири на 11 метри. Не е автопат, ама барем веќе не е калдрма Исто така, годинава конечно, беше доизграден и патот Штип-Струмица. Заменувањето на калдрмата со асфалт на делот Сурдулци-Радичево, ќе значи барем елементарно комплетирање на инсфраструктурата во Источна Македонија. Не е автопат, ама барем веќе не е калдрма. Од регионалните патни правци во финална реализација е и Смрдлива Вода-Ски центар Кожув. Ако биде се во ред, веќе од идната зимска сезона пристапот до овој центар ќе биде можен и со автомобил, и тоа во двата правци. За годинава Владата најави реконструкција на 32 локални патишта во 19 општини во соработка со Светска банка, а во соработка со Европската банка  за обнова и развој ќе има дополнително уште 80 проекти за кои веќе имало склучено договори. „Ова значи, над 100 локални патишта планирано е да се реконструираат во текот на 2013 година“, вели Министерот Миле Јанакиески. Регионална патна мрежа Во однос на регионалната патна мрежа истакна дека е предвидено да има градежни активности за инфраструктурно поврзување на Сончев град. Планирани се градежни активности на патниот правец Ангелци-Вељуса-Водоча, информираше Министерот кој очекува годинава да заврши изградбата на патниот правец Радовиш – Конче, Кавадарци-Мушев гроб и да почнат градежните работи на патниот правец од Арачиново до Липково и од Бошков до Гарски мост. Во тек е јавен повик за изградба на клучката Брвеница и за завршување на проектот Тетово-Јажинце, посочи Јанакиески. Кон крајот на годината се очекува да започнат градежни активности  изградба на патниот правец Велес-Кадрифаково и да започне и реконструкција на вториот дел од Коридорот 10 од Велес до Катланово.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип