19 Декември, 2025
0.0640

Од следната недела поскапуваат поштенските услуги, писмата со повисоки цени

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2023 09:52

Добивај вести на Viber

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај  на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница.

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари - цена што е многу повисока од претходната.

Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари. Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама.

Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона. 

Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД Пошти со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009. Овие услуги биле секаде поскапи во регионот, освен некои во Србија.

При одобрувањето на новиот ценовник биле земени во предвид инфлацијата, зголемените трошоци за струја од над 40 отсто, на гориво од 30 отсто и потребата од стабилни плати во АД Пошта.

Од таму велат дека Пошта се соочува со тешкотии во своето работење од 2020 и дека просекот на поскапување на сите услуги чии цени се зголемуваат е 6,28 отсто.

Досега неколку јавни претпријатија и агенции ги поскапеа цените на своите услуги и производи.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?