Од следниот месец граѓаните ќе плаќаат поевтино парно
Објавено во: Економија 28 Јули, 2016 18:21
10 отсто поевтино парно ќе плаќаат граѓаните почнувајќи од 1 август.
Падот на цената на природниот гас ги натера компаниите да ги намалат цените.
Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија од операторите „Балкан енерџи“, односно од „Производство“, „Дистрибуција“ и од „Снабдување“, ќе бидат намалени со оваа одлука. Цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се намали за 10,93 отсто.
Кај „Скопје Север“ намалувањето ќе биде за 4 отсто и кај едните и кај другите потрошувачи а приклучените на Елем енергетика ќе плаќаат цени поевтини за 11,59 отсто.
Досега опозиција многу пати бараше надлежните да ја намалат цената на парното, а тоа го побараа и денеска.
Но партијата на Заев бара цената да се намали за 30 проценти обвинувајќи ги компаниите дека цела година на граѓаните им наплаќаат повисоки сметки.
„РКЕ имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните“ укажуваат од опозицијата.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




