04 Јуни, 2020
0.0445

ОД СРЕДА ДРАКОНСКИ МЕРКИ: Целосен карантин за викенд, преку недела движење од 05 до 16 часот

Објавено во: Македонија 06 Април, 2020

Полицискиот час од задутре 8 април ќе почнува од 16.00 часот до 05 изутрина, а во текот на викендите полицискиот час ќе трае 24 часа.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.


Дополнително,
За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.


Премиерот Оливер Спасовски утринава  во разговор за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, најави дека уште денеска е можно Владата да донесе одлука за поригорозни мерки, ако има препораки од Комисијата за заразни болести.


Можеби ќе ве интересира

РЕКОРД: Скопје го напуштија 20.000 возила

РЕКОРД: Скопје го напуштија 20.000 возила

ФАКТОР НА ДЕНOT: Денес 120 нови заразени, стартува полицискиот час

ФАКТОР НА ДЕНOT: Денес 120 нови заразени, стартува полицискиот час

СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин

СТАРТУВА ЗА ДВА ЧАСА: Неколку општини одат во 80 часовен карантин

Да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, повика ДУИ откако бројот на заразени расте

Да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, повика ДУИ откако бројот на заразени расте

АНКЕТА: Македонците се плашат, а 25 отсто од Албанците сметаат дека короната не постои

АНКЕТА: Македонците се плашат, а 25 отсто од Албанците сметаат дека короната не постои

Се трага по лицето кое ноќеска фрлало јајца на фасадата на Владата

Се трага по лицето кое ноќеска фрлало јајца на фасадата на Владата

СЕ ЈАВИ МАКСО: Очекувам извинување од СДСМ, вистината за овој монтиран случај ќе излезе на виделина

СЕ ЈАВИ МАКСО: Очекувам извинување од СДСМ, вистината за овој монтиран случај ќе излезе на виделина

И ВЧЕРА СМЕ ИМАЛЕ 120 НОВОЗАБОЛЕНИ - Официјални бројки на Институтот за јавно здравје

И ВЧЕРА СМЕ ИМАЛЕ 120 НОВОЗАБОЛЕНИ - Официјални бројки на Институтот за јавно здравје

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Е ЗАКОНСКИ ЧИСТ - Обвинителството ја отфрли кривичната против него, не прекршил ни еден пропис

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Е ЗАКОНСКИ ЧИСТ - Обвинителството ја отфрли кривичната против него, не прекршил ни еден пропис