02 Мај, 2024
0.0268

ОД СРЕДНО РАЗМИСЛУВААТ ЗА НАДВОР: Зошто си заминуваат македонски ИТ експерти?

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Марко Марковиќ, средношколец од скопската гимназија “Раде Јовчески –Корчагин” оваа учебна година ја заокружи со одличен успех и  една од најпрестижните награди Мајкрософт офис специјалист со што се стекна со меѓународно  познат сертификат, кој всушност денес е и водечкиот ИТ сертификат  во светот. Компјутерот е негова пасија од најраното детство,  а информатичката наука вели нуди бесконечност на информации за да го прошири своето знаење. За натпреварот кој неодамна се одржа во Скопје се подготвувал само  неколку часа во двата дена пред тестирањето, се друго било врежано во неговата глава. Од вкупно 1430 пријавени кандидати, само 45 ученици но и студенти  влегле  во финалето, а од нив само Марко  ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија што пак му обезбеди виза за  Светскиот натпревар што ќе се одржи во Америка. “Навлегуваме во една „ера на технологијата“, каде што школувањето се повеќе и повеќе станува зависно од информатичката технологија. Според мене, ова е добро. Информациите на интернет се бесконечни, што значи дека секоја индивидуа има шанси да го прошири своето знаење доколку сака. Мајкрософт офис специјалист е меѓународен познат сертификат, кој е всушност и водечкиот ИТ сертификат денеска во светот. Станува збор за натпревар каде што учесници (меѓу 13 и 22 годишна возраст) ги покажуваат своите вештини во Microsoft Office програмите, поточно Word, Excel и PowerPoint и секој учесник има право да избере еден или повеќе од овие програми во кои ќе се натпреварува. Преку него  се стекнуваме со документ  за потребните вештини за целосно користење на функциите кои ги нудат Microsoft Office програмите. Се подразбира пред се, важно е да се знае структурата на програмата, нејзините можности и како да се пристапи до нив. За време на тестот се зададени задачи кои се доста прецизно формулирани, со што доколку внимателно се следи она што се бара од нив, може многу лесно да се совладат истите”- вели средношколецот Марко. Натпреварувањето според него ја поставува IT писменоста на младите на повисоко ниво. Светскиот натпревар за Мicrosoft Office Specialist , што ќе се одржи во Орландо САД, во август за Марко е нов предизвик кој ќе му обезбеди да го валоризираа своето знаење преку стекнување на сертификат препознаен и признаен секаде во светот, кој најмногу се бара во образовната и бизнис заедница. “Пред се да кажам дека е огромна чест да ја претставувам нашата држава на ваков Светски настан. Натпреварот што ќе се одржува во Америка ќе трае од 7ми до 10ти Август. Концептот на тој натпревар нема многу да се разликува од тоа што денеска се полагаше, но се очекува поставените задачи да бидат покомплицирани и пообемни. Затоа, треба секој натпреварувач убаво да ги совлада сите можности и функции кои се на располагање во неговата одбрана програма. Навлегуваме во една „ера на технологијата“, каде што школувањето се повеќе и повеќе станува зависно од информатичката технологија. Според мене, ова е добро, информациите на Интернетот се бесконечни за  да го прошириме своето знаење. Лично мене ми е многу драго што школувањето се врзува со информатичките технологии. И секако, иако не нешто специфично, својата иднина ја гледам во информатиката и технологијата”- додава Марко. Учеството во овој натпревар е остварување на неговиот сон и  дополнителна можност да ги одмери  своите сили на светско ниво. Потребата кај младите, родени во дигиталната ера, не е само да бидат вешти во совладување на достапната технологија, туку и да се носители на развојот на технологијата од иднината. Затоа тој вели дека мора да одржува темпо со современите текови и алатки за да го реализира својот потенцијал,  а неговиот успех е пасош за нови можности.  Во земјава според Марко  има стабилна основа за развој на информатичките науки и нивно совладување,  но недостасува внимание за развој на тој потенцијал. “Сметам дека постојат доволен број организации и предиспозиции во нашата држава преку кои дефинитивно може да се развијат информатичките науки, а и секако да се совладаат истите тие. Единствено што недостасува е вниманието. Во  Македонија има услови за развој на оваа област, но сепак нејзината застапеност е сеуште на ниско ниво, а како една од најважните области во сегашниов живот, треба да ѝ се обрне повеќе внимание”- потенцира средношколецот. Информатичките технологии со забрзано темпо го освојуваат светот. Милионските пазари нудат можност и бараат млад потенцијал за  работа. Статистиките покажуваат дека милиони граѓани  со познавање на ИТ технологијата која е структурен елемент за привлекување на инвестиции, иновации и отварање на нови работни места во глобалната економија, мигрираат во високо развиените земји поради можностите за вработување и  високите примања.Слична е состојбата и во земјава во која програмерите и информатичарите се дефицитарен кадар кој е меѓу најбараните  на пазарот на труд.  Досегашните анализи покажале дека поголемиот дел од студентите по информатика наоѓаат работа за три месеци по дипомирањето, а една година потоа размислуваат за иселување од земјава.  Според студија од страна на ИДЦ направена во 2013 година, работодавците бараат кандидати кои имаат 20 специфични вештини. Трета вештина на оваа листа е владеењето со Microsoft Office, а вештините за познавање на Microsoft Office програмите се бараат пет пати повеќе од било која друга алатка за продуктивност. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија