Од утре Бугарија се затвора за патници од четири земји
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2021
Источниот сосед ги ограничува патувањата.
Бугарија од утре се затвора за патниците од Холандија, Малта, Андора и Грузија. Ова се однесува за патниците странци кои ќе пристигнуваат од наведените земји. Дописникот на МИА од Софија јави дека на бугарските државјани кои пристигнуваат од овие земји, како и на лицата со постојано жителство во нив и членовите на нивните семејства, дозволен ќе им биде влез во земјата само со негативен тест за коронавирус, независно дали се вакцинирани или не.
Во Црвената зона од минатата недела се наоѓаат Велика Британија, Шпанија, Кипар и Кувајт. Влегувањето во црвената зона значи дека Бугарија не дозволува посети од овие земји, освен ако не се работи за бугарски државјани и лица со статус на постојан, долгорочен или продолжен престој во земјата и на членовите на нивните семејства. Во овие случаи, не е важно дали некое лице е вакцинирано и ќе мора да приложи негативен ПЦР за влез во Бугарија. Можно е тестот да се замени со 10-дневен карантин и да се откаже доколку се прикаже негативен тест за ПЦР во рок од 24 часа по собирањето.
Бугарија им дозволува на туристите од Русија да влезат со негативен ПЦР тест, без рзлика дали се вакцинирани.
На Балканот расте бројот на заразени со коронавирусот. Алармантно е во Грција, но расте бројот на инфицирани и во Србија. Делта сојот многу брзо се шири.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.