Од утре Македонците ќе можат на море во Црна Гора
Објавено во: Балкан 14 Август, 2020
Утре ќе се отвори границата за Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, рече директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д-р Бобан Мугоша, во утринската програма на телевизијата Вијести, „Бои на утрото“.
За влез во Црна Гора, најверојатно ќе биде потребен ПЦР негативен тест или серолошки , рече Мугоња. Според него, решено е да се отворат границите на барање на туристичката индустрија.
„Ние сме во фаза на исправање на кривата, очекуваме таа да оди пониско. Ситуацијата е одраз на нашето однесување. Сите заедно во ова време не се однесуваме доволно одговорно. Сите заедно не постапуваме доволно одговорно затоа што имаме 50-60 случаи на ден, иако тестираме многу, во просек околу 450. Тоа е на ниво од 50.000 тестови во Германија и ние сме лидер во регионот заедно со Словенија“, рече Мугоша.
Тој додаде дека Црна Гора влегла во фаза во која локалната трансмисија на вирусот е сè уште висока, но тој е под целосна контрола.
„Гледаме дека ситуацијата со Србија се подобрува, што значи дека кривата се изедначува“, објасни Мугоша.