ОД УТРЕ НА ПЛАЖА НА ДРЖАВЕН ТРОШОК: Ваучерите во функција
Објавено во: Економија 14 Јули, 2020
Од утре граѓаните кои ги исполнија условите и добија ваучери за туризам ќе може да ги искористат во некој од сместувачките капацитети кои се во проектот. Ваучерите впрочем можат да с екористат од 15 јули до 15 декември годинава.
Со ваучерите кои ги земаа 117.122 граѓани а на кои имаат по 6.000 денари за да се смесат во некои домашни капацитет, Владата очекува да го промовира и да го помогне домашниот туризам. Агенцијата за туризам очекува годинава домашните гости да направат повеќе од два милиона ноќевања.
Дестинацијата на која ќе може да летуваат или зимуваат ќе може да ја изберат преку Платформата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk на која се објавени хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.
Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.