05 Декември, 2025
0.0295

ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО РАБОТА: Манасиевски ги оцени изборите како демократски

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2025 20:04

Добивај вести на Viber

 Со гордост можеме да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денеска нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција по завршување на гласањето.

Тој изрази огромна благодарност на сите граѓани кои излегле на гласање и ја покажале својата одлучност и доверба.

- Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера, тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди, рече Манасиевски.

Тој подвлече дека очекува одличнен изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ и голема победа.

- Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре почнуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност, рече Манасиевски и најави дека во текот на вечерта ќе започнат со објавување на првите резултати од гласањето. 

На новинарско прашање за малата излезност во Сарај и во Чаир и дали тоа би значело блокирање од нивниот коалициски партнер ВРЕДИ, Манасиевски одговори дека гласањето е избор на секој човек поединечно.

-Тоа што одреден поединец или одредена партија дава или не дава поддршка на еден кандидат е одраз на став зад кој стојат повеќе причини. Тоа е нивна одлука, ние во тоа нема да навлегуваме, секој граѓанин има право да го изрази својот став, сепак сме демократска држава. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме оние партиски и етнички бариери да ги отргнеме, да работиме за заедништво и заедничка држава, рече тој.

На новинарско прашање колку градоначалнички места се очекуваат, Манасиевски рече дека очекуваат во секоја општина каде имаат градоначалник од вториот круг да извојуваат огромна победа, вклучително и во Скопје каде очекуваат убедлива победа.

Во однос на реакциите на некои партии за нерегуларности, тој повтори дека имаше фер и демократски избори и дека за првпат по подолго време има европски избори. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите