29 Септември, 2024
0.0264

Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот

Објавено во: Македонија 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.
 
Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.
 
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
 
Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.
 
За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.
 
Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП “Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и  Шумската полиција.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“