Добивај вести на Viber
Агенција за територијално планирање и српската енергетска компанија „Србијагас“ потпишаа договор за измени и дополнувања на планот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ на територија на Србија.
Со договорот се разрешуваатпроблемите што се јавија на трасата на гасоводот на српска територија. Според најавите, планот за изградба на „Јужен поток“ ќе биде изработен до 30 јуни, а веќе наесен ќе може да се почне со градежните работи на потегот од Зајачар до Сомбор, каде што минува гасоводот.