10 Декември, 2025
0.3426

Одбиено зголемувањето на европскиот буџет

Објавено во: Свет 10 Ноември, 2012 12:12

Добивај вести на Viber

Државите членки на Европската унија го отфрлија предлогот на Европската комисија за зголемување на буџетот на Унијата за оваа година, објави шефот на делегацијата на Европскиот парламент Ален Ламасур за време на преговорите, а пренесува ИТАР-ТАСС. Преговорите меѓу претставниците на 27-те земји членки на ЕУ и на европските институции, синоќа во Брисел, не доведоа до компромис по ова прашање. „Земјите од ЕУ одбија да обезбедат дополнителни средства во буџетот на Унијата“, изјави Ламасур. Главниот проблем беше околу побарувањата на дополнителните 8,9 милијарди евра во форма на дополнителни придонеси во буџетот на ЕУ за 2012 година. Земјите членки го отфрлија категорично ова барање со оправдување дека Брисел „треба да си ги протегне нозете онолку колку што му е долга чергата“, посебно во период на криза, кога од сите држави се бара буџетска дисциплина. Заедно против зголемувањето на идниот буџет беа Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, Холандија, Финска, Данска и Шведска. Поради оваа причина преговорите за буџетот на ЕУ за 2013 година, кој според пресметките на ЕК треба да достигне 138 милијарди евра, или со 6,8% повеќе од буџетот за 2012 година, воопшто и не започнаа. Сличен обид ќе биде направен на седницата на советот на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната во текот на следната недела, но поверојатно е дека разликите нема да се надминат и прашањето ќе остане отворено за лидерите на земјите од ЕУ кои ќе се состанат на 22 и 23 ноември. Ако не биде постигнат компромис, ЕК ќе мора итно да прави намалувања во предлог-буџетот на ЕУ за 2013 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон