OДЕКНА ВЕСТА ЗА МАКЕДОНСКО-ГРЧКИОТ ДОГОВОР: Што пишуваат регионалните и светски медиуми?
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018 20:35
Атина и Скопје постигнаа договор за името „Република Северна Македонија“, ја пренесуваат западните медиуми со назнака „breaking news“ веста дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се согласиле за решение на спорот.
Ја наведуваат изјавата на Ципрас дадена на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, дека Атина и Скопје се согласија за ново име за Македонија со што се става крај на 25-годишниот спор.
„Постигнавме добар договор кој ги опфаќа сите услови што ги постави Грција“ – наведе Ципрас откако го информираше Павлопулос за договореното.
„Македонија доби ново име, ќе се вика Северна Македонија“, пишува српски курир.
B92 oди со опширен извештај со сите детали за решението, одржување на референдум, со повеќе изјави од политичките чинители.
„Се разбраа, името е Северна Република Македонија“, - пишува бугарската Нова тв.
„Има договор, Република Северна Македонија е новото име“, наведува БГНЕС.
„Постигнаа договор: Македонија ќе биде Северна Македонија“ - пишува 24 сата.
Тој рече дека договорот бил постигнат откако зборуваше денеска по телефон со македонскиот премиер Зоран Заев. Договорот, според него, ги исполнил барањата на Грција дека ревидираното име за Македонија е „сложено со географска одредница”.
Македонија, како што потсетуваат западните медиуми, се надева дека решавањето на спорот ќе помогне да се расчисти патот за приклучување кон Европската унија и НАТО.
Ја пренесуваат и изјавата на Панос Каменос, лидерот на Независни Грција, помалиот колаициски партнер во грчката Влада, дека ќе гласаат против предложениот компромис за името бидејќи не се согласува во него да биде содржан терминот Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




