ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД ТУРКИШ ЕРЛАЈНС, ТРИ НОВИ СЕЗОНСКИ ЛИНИИ ОД СКОПЈЕ: Ќе имаме летови мај-септември до Анкара, Мерсин и Дијарбакир
Објавено во: Економија 25 Мај, 2025 13:30
Нискобуџетната подружница на Turkish Airlines – AJet ќе воведе три нови сезонски летни линии до Скопје. Превозникот ќе започне со летови од Анкара, Мерсин и Дијарбакир, со што ќе ги надополни постоечките линии од Истанбул – аеродром Сабиха Гокчен. Летовите од Анкара ќе започнат на 31 мај и ќе се одвиваат еднаш неделно до 13 септември. Линијата од аеродромот Чукурова во Мерсин, кој ги опслужува и градовите Мерсин и Адана, ќе започне еден ден подоцна, на 1 јуни. Првично, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, а од 25 јуни ќе се зголемат на два пати неделно, сѐ до завршувањето на сезоната на 28 септември. На крајот, превозникот ќе воведе и неделен лет од Дијарбакир до македонската престолнина, што ќе се одвива од 29 јуни до 31 август. Билетите веќе се достапни за купување преку веб-страницата на авиокомпанијата.
AJet нема конкуренција на ниту една од трите нови линии. Мерсин, пристанишен град во јужна Турција на брегот на Средоземното Море, има население од нешто над еден милион жители. Од друга страна, Дијарбакир е најголемиот град со курдско мнозинство во земјата, сместен на југоистокот. Ова ќе биде првпат и за двата града да бидат поврзани со град од поранешна Југославија со редовна авионска линија. Сите летови меѓу Анкара и Скопје се планирани да се одвиваат со авион Boeing 737-800, освен две ротации, кои ќе се реализираат со B737 MAX 8. Авиокомпанијата ќе го користи моделот B737-800 и за сите летови од Мерсин и Дијарбакир до Скопје.
Трите нови линии ќе додадат вкупно 21.872 седишта на македонскиот пазар ова лето. Во текот на шпицот на сезоната, AJet ќе има дури единаесет летови неделно до Скопје. За разлика од минатата година, оваа сезона превозникот веке не лета од Бодрум. Во тековната летна сезона, вкупно четири авиокомпании нудат летови меѓу Турција и Скопје – покрај AJet, тоа се Turkish Airlines, Pegasus Airlines и SunExpress. Со најновата експанзија, Скопје ова лето ќе биде поврзано со рекордни шест турски аеродроми на редовна основа.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




