Одложена продажбата на зградата на претпријатието „Проаква“
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2012 11:29
Локалната власт во Струга не успеа да ја продаде и втората зграда на работната единица „Водовод и канализација“ што функционира во рамките меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.
На вчерашната седница на Советот на општината предлог-одлуката за оттуѓување на недвижен имот на претпријатието беше одложена за следната седница.
Градоначалникот Рамиз Мерко гледа оправданост во ваквата постапка и потенцира дека тоа се прави во интерес на нови инвестиции, како и заради добивање современо урбанистичко решение за овој дел од градот.
- Во центарот на градот се гледа една руинирана административна зграда. И затоа со продажбата на овој објект, не само што добиваме во продажба, туку добиваме и во комуналии, а од друга страна ќе работат повеќе бизниси, вели Мерко.
Директорот на струшкото претпријатие „Проаква“ Ваит Ајро, објаснува дека продажбата на објектот не се врши поради евентуална лоша состојба на претпријатието.
- „Проаква“ е во стабилна состојба. Бидејќи Општина Струга со одлука на Советот ја имаше сопственоста, ја продаде едната зграда и другата зграда е сопственост на МЈП „Проаква“. Таа не одговара на денешното време и мора сигурно да се усовршува и да се изгради нов објект. Тука ќе придобијат и општината и претпријатието, вели Ајро.
Доколку се продаде сегашната административна зграда, според него, ќе се бараат решенија за сместување на вработените.
- Вработените би можеле да останат на истото место доколку се доградат нови простории. Втората алтернатива е да се купи соодветен простор на друго место, и третата, да се изгради нов објект на местото каде што сега се наоѓаат магацините на „Проаква“, додава Ајро.
Одлуката за продажба на административната зграда чиј простор изнесува 364 метри квадратни пред еден месец ја донесе Управниот одбор на работната единица „Водовод и канализација“ од Струга, според која постапката за отуѓувањето ќе ја води меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.
Првата административна зграда на ова струшко јавно претпријатие, со одлука на Советот на општината беше продадена пред околу две години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





