05 Декември, 2025
0.0305

Одморот е потребен за да ги наполниме „батериите“, но многу граѓани немаат пари за летување

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2021 07:28

Добивај вести на Viber

Одморот е потребен по цела година работа, но според податоците кои претходно ги објави Евростат, од 57 па до 61.2 отсто од граѓаните во земјава не можат да си дозволат да заминат на одмор.

Податоци за тоа каква е состојбата оваа година нема, но нема многу оптимизам дека ќе биде подобро поради пандемијата, изгубените работни места и намалените приходи кај граѓаните. За дел од населението одморот е луксуз.

„Има луѓе кои не одат и воопшто не отишле на одмор досега. Дел од  нив немаат желба, но во повеќето случаеви се работи за немање на можности. Колку и да е лесна работата, на секој човек му треба одмор од 10 до 15 дена. Доколку нема можности да оди некаде надвор, барем може да замине на викендичка и да одмори. Јас лани не бев на одмор поради пандемијата, но претходно одев на море. Мислам дека последниве години е подобро oд претходно и дека повеќе луѓе одат на одмор“, коментира жителка на Свети Николе.

Влатко Сулев од Националната асоцијација за дојдовен туризам вели проблемот лежи во нискиот животен стандард.

„Сето тоа е последица на животниот стандард. Ние лани имавме пад на домашните туристи во однос на 2019 година, во време на пандемија иако границите беа затворени. Значи при затворени граници луѓето не патувале во земјава“, рече Сулев.

Од туристичките агенции велат дека луѓето најчесто уплаќаат аранжмани до 6 дена на море, а многу се поретки оние кои летуваат по 10 дена.

Но, во Европа е поинаку. Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат. Меѓу земјите членки на ЕУ, во Романија  54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат жителите на Грција – 49 проценти, Хрватска – 48, Кипар – 45 и Италија – 44 проценти. Од друга страна, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, по што следат Данска и Луксембург – 11 отсто, Финска – 12, Германија и Австрија – по 13 проценти. Од 2010 година наваму и во Европа се зголемува процентот на луѓето кои можат да си дозволат одмор.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?