05 Декември, 2025
0.0437

Втора гаранција од Светска банка за кредитот тежок 155 милиони евра

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013 10:48

Добивај вести на Viber

Светска банка ја одобри гаранцијата за Македонија кога на вчерашниот состанок на одборот на извршни директори на СБ беше дадено зелено светло за комерцијалениот заем тежок 155 милиони евра побаран од страна на Владата.

Како што соопштија од канцеларијата на СБ во Скопје, со гаранцијата заснована на политики за јавна потрошувачка ќе се гарантира дел од износот на комерцијален заем односно 62 проценти од главницата и со тоа ќе и се овозможи на земјата да добие релативно голем комерцијален заем во износ од 250 милиони евра, од кои 155 милиони евра ќе бидат гарантирани од Меѓународната банка за обнова и развој.

Со одобрената гаранција се поддржуваат реформите за подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и управувањето со јавните финансии, за зајакнување на системот за здравствена заштита  и подобрување во насочување на социјалната помош и социјалното вклучување.

„Ова е втора гаранција за Република Македонија. Со првата, одобрена во ноември 2011 година, се обезбедија вкупно 130 милиони евра од заемодавачи во услови на практично затворено пазарно опкружување. Кризата во еврозоната која се појави потоа, неповолно влијаеше врз економијата на Република Македонија. Повторните турбуленции на пазарот по мај 2012 година, повторно ги засенија краткорочните перспективи за раст и пристапот до пазарите на капитал“ стои во соопштението од Светска Банка.

Оттаму посочуваат дека главниот фокус на втората гаранција е да се осигураат дека со фискалната политика, а особено со политиката за јавна потрошувачка, се поддржува опкружување поволно за раст, поефикасна социјална заштита и подобро извршување на услугите. Со клучните реформи се поддржува постепено намалување на долговите на јавниот сектор и имаат за цел подобрување на практиките на финансискиот менаџмент во јавниот сектор, како што се воведувањето на заштитни механизми за спречување на појава на нови долгови.

„Со спроведување на цврсти структурни реформи, Република Македонија ги поставува темелите за економското заздравување. И покрај постојното тешко опкружување, перспективите за раст на Република Македонија се релативно позитивни“, вели Биргит Хансл, водач на тимот на Светска Банка.

Инаку портфолиото на Меѓународната банка за обнова и развој во земјава има нето вредност од 335 милиони евра и се состои од пет инвестициски проекти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?