18 Декември, 2025
0.0478

Одобрени 42,5 милиони евра за македонскиот електричен автомобил e.GO

Објавено во: Економија 06 Април, 2023 09:57

Добивај вести на Viber

Германскиот инвеститор Некст.Е.Го Мобиле добил одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра минатата година, покажа извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2022. Произведувачот на електричните автомобили e.GO се уште не започнал со активна изградба на својата најавувана фабрика во индустриската зона во Тетово, но согласно договорот со државата, ќе ја добие оваа сума која за прв пат се објавува.

Увид во целосната содржина на договорот, кој беше потпишан во август лани,  Владата не овозможуваше, а единствено беше декларативно споменато дека државната помош за проектот ќе изнесува 35 отсто од вкупната инвестиција од 130 милиони евра и дека нема да има даночни ослободувања за инвеститорот.

Камен темелникот на фабриката беше поставен на 13 август, на годишнината од Охридскиот договор. Според она што беше најавено се очекува отворање на 900 нови работни места. Електричниот автомобил „Е-Go “ ќе биде првиот електричен автомобил што целосно ќе се произведува во нашата земја. Станува збор за германска компанија, а се очекува фабриката да произведува 30.000 автомобили годишно.

Според она што го објавува Комисијата за заштита на конкуренцијата, лани државата одобрила големи суми како ретко кога досега за директна финансиска помош за најавувани инвестиции по потпишани договори во текот на минатата година, а останува да се види дали „парите ќе се вратат“ и ќе ја придвижат зачмаената економија. Грубо пресметано, само лани власта одобрила 140 милиони директна финансиска помош за инвеститорите во зоните, претежно за оние од автомобилската индустрија.

За отворањето на фабриката на Кромберг и Шуберт во индустриската зона во Скопје ќе добие 19,8 милиони евра, а истиот странски инвеститор за најавениот трет инвестициски циклус ќе добие уште 12,88 милиони евра. Тоа се вкупно 32,68 милиони евра за Кромберг и Шуберт одобрени само во една година.

Италијанскиот „Кондево“ која лани започна со изградба на нова фабрика во Штип ќе добие 16.750.000 милиони евра, додека Кемет Електроникс, кој лани отвори втора фабрика во Скопје, ќе добие 11.767.500 евра. За турската „Текнопанел“ која лани најави нова фабрика за кровни панели за изолација, одобрени се 9.920.625 евра. ВИК од Алинци за дополнителна инвестиција ќе добие 8.050.000 евра

Автомобилскиот технолошки производител Аптив Сервисес ќе добие 5.677.260 евра за втора фабрика. ОДВ Електрик ќе добие 5 милиони евра за трет инвестициски проект, а за втор инвестициски проект на АРЦ Аутомотив ќе му следуваат 2,5 милиони.  Киел од Желино кој на крајот од минатата година удри камен-темелник во ТИРЗ Тетово ќе добие 4.645.875 милиони евра.

Орикон Адвансед Технолоџис од Велес ќе добие 2.450.000 евра како помош за проект за индустриско истражување во областа на обновливата технологија. Хај Тек Инженеринг за втора фабрика има одобрени 2.250.000 евра лани, а на Ван Хол за истражување му следуваат 300.000 евра помош во 2022.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа