Одобрени над 9 милијарди евра помош за Грција
Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2013
9,2 милијарди евра помош за Грција ќе одобрат земјите од еврозоната во следните неколку денови откако грчките власти ги исполнија барањата на доверителите.
Траншата од 9,2 милијарди е само дел од помошта од 49 милијарди евра кои претставниците на Европската унија ги одобрија за Грција во декември. Првиот пакет помош од 34 милијарди евра веќе е исплатен.
Како што веќе пренесоа грчките медиуми, одобрувањето на помошта од над 9 милијарди евра е само формалност бидејќи политичката одлука веќе била донесена во декември.
Претходно со 166 гласови „за“ и 123 „против“ грчките пратеници ги усвоија мерките, кои со одлука на владиниот кабинет беа привремено воведени минатата година со цел Грција да може да обезбеди нова поголема помош.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.