15 Мај, 2024
0.0571

Одржан состанок на Народна банка за нивото на финансиска писменост кај возрасното население во државата

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа состанок на претставници на регулаторните институции во државава, коишто учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација – Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизја на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. На состанокот беа презентирани резултатите од мерењето на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во државата, коешто Народната банка го спроведе неодамна со финансиска поддршка од Европскиот фонд на Југоисточна Европа. Мерењето беше спроведено во соработка со агенцијата ГФК. Прашалникот којшто беше користен при мерењето беше приспособен на национално ниво, а репрезентативниот примерок од возрасното население 18+ беше составен од 1100 испитаници со демографска структура којашто овозможи соодветна застапеност на сите региони во Република Македонија. Одговарањето на прашалникот беше спроведено со директна комуникација со испитаниците, лице в лице. Добиените резултати од мерењето се меѓународно споредливи, бидејќи прашалникот и севкупното мерење беа спроведени во согласност со методологијата на Меѓународната мрежа за финансиска едукација (ИНФЕ) при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).


Добиените резултати од мерењето, како што беше потенцирано и на состанокот, не само што им овозможуваат на регулаторните институции јасна и целосна слика за нивото на финансиската писменост на возрасното население коешто живее во Република Македонија, туку, меѓу другото, претставуваат и една од основите за планирањето и опфатот на дел од нивните натамошни активности, а особено во сферата на финансиската едукација на возрасното население. Резултатите ја потврдуваат потребата од конкретни политики, проекти за финансиска едукација и поголем број едукативни активности. На состанокот се водеше и плодна, сеопфатна дискусија од која произлегоа повеќе предлози за можни заеднички проекти со коишто би се подобриле политиките за финансиска едукација во државава.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“