18 Декември, 2025
0.1883

ОДРЖАН ТАЕН СОСТАНОК, ПУТИН Е БЕСЕН, МИСЛЕШЕ ДЕКА ЛЕСНО И БРЗО ЌЕ ПОБЕДИ - тврди естонски европратеник

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2022 16:25

Добивај вести на Viber

Естонскиот европратеник Рихо Терас, поранешен министер за одбрана на Естонија, на својот профил на Твитер објави дека има информации од разузнавачки кругови дека Путин одржал тајна средба со руски генерали и олигарси и дека е бесен.

Еве што напиша Терас:

„Путин е бесен, мислеше дека ќе победи лесно и брзо.

Путин е бесен, мислеше дека целата војна ќе заврши брзо, за еден до четири дена и дека ќе победи без проблем.

Русите немаат пари, оружје или ресурси

Русите немаа тактички план. Војната чини милиони долари дневно. Ракети имаат за максимум 3,4 дена, ги користат умерено.

Им недостига оружје, фабриките не можат физички да ги исполнат нарачките за оружје. Пушките и муницијата се најмногу што можат да обезбедат.

Ако Украина успее да ги задржи Русите 10 дена, тогаш Русите ќе мора да преговараат. Затоа што немаат пари, оружје или ресурси. Но, тие се рамнодушни кон санкциите.

Сакаат да предизвикаат паника

Припадниците на Специјалните операции се во близина на Киев од 18 февруари. Целта беше да се окупира Киев и да се воспостави марионетски режим.

Подготвуваат провокации против невини цивили за да предизвикаат паника. Тоа е нивниот адут.

Целиот план на Русија се потпира на паника, цивилите и војниците да се предадат, а Зеленски да бега.

Тие очекуваат предавање на Харков

Тие очекуваат Харков прво да се предаде и се надеваат дека и другите градови ќе го следат нивниот пример за да избегнат крвопролевање. Русите биле шокирани од жестокиот отпор на кој наишле.

Украинците мора да избегнуваат паника, ракетирањето служи исклучиво за заплашување, Русите ги отпуштаат по случаен избор за случајно да погодат станбени згради и да направат нападот да изгледа поголем отколку што навистина е.

Украина мора да остане силна и ние мора да им помогнеме“, напиша естонскиот европратеник.

Тој ги повика сите да ја рашират оваа информација за светот да разбере колку е важно да се помогне токму сега и без двоумење. „Тешко и е на Русија, но и на Украина е тешко доколку Западот не им даде порака“, заклучи тој.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина