Одвојувањето на бебето од мајкaта поради Ковид-19 ќе ја зголеми смртноста кај новороденчињата, велат од СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Март, 2021
Одвојувањето на бебето од мајкaта поради коронавирусот ќе ја зголеми смртноста кај новороденчињата, велат од Светската здравствена организација.
Две нови студии, откриле дека мајките со потврдени или сомнителни инфекции со коронавирус не дозволуваат контакт со нивните новороденчиња во породилиштата, а скоро четвртина од анкетираните мајки рекле дека не смеат да го дојат новороденчето поради сомнение за инфекција со Ковид-19. Но, новите студии укажуваат дека раниот и многу близок контакт помеѓу мајката и новороденчето, може да спаси повеќе од 125.000 животи.
„Новородените бебиња ширум светот имаат право на контакт со своите родители кој ќе ги спаси и ваквиот контакт не треба да им се забранува поради пандемијата со „Ковид-19“, рече Аншу Банерџи, експерт за здравствена заштита на мајки и новороденчиња од Светската здравствена организација.
Над 85 проценти од анкетираните изјавиле дека стравуваат за своето здравје, а недостатокот на опрема за лична заштита, стресот и безбедноста се меѓу главните проблеми.
СЗО порача земјите да продолжат да го вакцинираат населението со „Астразенека“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.