Одземени 230 милиони евра од италијанската мафија
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2012 18:29
Во 3 одделни акции во Палермо полицијата уапси 41 член на сицилијанската мафија Коза Ностра. Тие се осомничени за учество во рекетирање, шверц со дрога, незаконско поседување на оружје и други криминални дела. Во Торино пак уапсени се 22 наводни члена на наполитанската Ндрангета, криминална група од јужната област Калабрија, која оперира и во северна Италија.
Во Реџо ди Калабрија, главниот град на областа Калабрија, даночната полиција денеска конфискува активи за 230 милиони евра, вклучувајќи ги контролните пакет акции во два познати хотела и локалниот кошаркарски клуб. Одземените активи биле во сопственост на двајца бизнисмени, уапсени минатата година под сомнение дека се поврзани со мафијата. Се претпоставува дека тие учествувале и во перењето на пари од име на Доменико Кондело, шеф на Ндрангета, кој беше притворен овој месец, по неговото 20-годишно криење.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија





