10 Декември, 2025
0.0750

ОЕЦД: До 2016-та Кина ќе ја претрка САД, Индија е веднаш до неа

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2012 20:24

Добивај вести на Viber

Рамнотежата на економските сили се очекува драматично да се менува во следните 50 години, a уделот на новите, брзорастечки економии постојано ќе се зголемува, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Различни долгорочни модели на раст ќе доведат до радикални промени во односот на економиите. САД ќе го отстапат првото место како најголема светска економија на Кина и тоа најверојатно околу 2016-та година. БДП-то на Индија исто така се очекува на подолгорочен план да го надмине американското производство. Двете азиски гиганти се очекува да ги надминат со својот БДП сите земји од групата Г-7 заедно. Земјите  кај кои што населението побрзо старее како Јапонија и еврозоната постепено ќе отстапат пред „помладите“ земји, како Индонезија и Бразил. Извештајот насловен „Поглед кон 2060 година: Глобална визија за долгорочен раст“ користи модел за предвидување на раст на 34-те земји - членки на ОЕЦД, и осумте големи економии во Г-20, кои не се членки на организацијата. Според истражувањето просечниот годишен раст на светскиот БДП ќе биде 3%,  но и ќе има големи разлики меѓу новите економии кои ќе растат со многу побрзо темпо и напредните земји, кои најверојатно ќе растат многу побавно, а понекогаш ќе бележат и пад. Растот во земјите надвор од ОЕЦД ќе остане повисок од просекот во ОЕЦД, иако разликата ќе намалува со годините. Од над 7% проценти во изминатата деценија, просечниот раст надвор од ОЕЦД ќе се намали на околу 5% во 2020, а до 2050 година ќе достигне околу 2,5 проценти. До 2020 година Кина ќе има најголем раст, но подоцна таа ќе биде помината од Индија и Индонезија. Во рамките на ОЕЦД растот ќе биде околу 2 отсто до 2060 година, како во многу земји во кои што има пад на економскиот раст. Различното ниво на БДП по глава на жител ќе ги одрази разликите во технологијата, капиталот, човечките ресурси и вештините на населението. Според Извештајот, трендовите за глобалниот БДП ќе бидат поставени пред се од стареењето на населението, кое ќе врши притисок врз продуктивноста, која е различна во многу земји. Намалувањето на наталитетот, како и долговечноста имаат негативен ефект врз растот, бидејќи водат до намалување на работоспособното население. Владите би можеле да одговорат на овој предизвик со зголемување на возраста за пензионирање. Прогнозите на ОЕЦД покажуваат дека стареењето ќе биде особено брзо во следните 50 години во Азија, Источна Европа и Јужна Европа.  Во овој период населението на планетата се очекува да се зголемува со 0.3% годишно и тоа зголемување ќе делува како пречка за растот на БДП по глава на жител.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон