ОЕЦД: Стабилна инфлација во развиените економии
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2013 19:14
Инфлацијата во развиените земји во декември била стабилна и изнесувала 1,9 проценти на годишно ниво, во однос на нивото од ноември, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој.
Инфлацијата на цената на енергијата изнесува 2,9 проценти, а цената на храната 2,1 отсто. Доколку не се сметаат овие два фактори, стапката за минатиот месец изнесувала 1,5 проценти, наведува ОЕЦД.
Во Канада инфлацијата била стабилна на 0,8 отсто, додека во Велика Британија изнесувала 2,7 проценти. Во САД е намалена на 1,7 од претходните 1,8 отсто, а во Италија на 2,3 од 2,5 проценти.
Инфлацијата во Германија е зголемена од 1,9 на 2,1 процент.
На ниво на еврозоната, стапката во декември била стабилна на 2,2 отсто, додека во Јапонија потрошувачките цени бележат пад од 0,1 отсто, по намалувањето од 0,2 проценти во ноември.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




