Официјално почнува кампањата - партиите во трка за гласови
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 09:26
Изборната кампања денеска започнува за изборите закажани за 11 декември.
ВМРО ДПМНЕ, традиционално кампањата ќе ја започне со митинг во Охрид. СДСМ почнува во Прилеп, а ДУИ кампањата ја почнува во Липково. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја почнува кампањата утре во Охрид. ДПА оди во Студеничани, а „Коалицијата за промени и правда“ пак стартува денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.
Меѓународната заедница веќе порача дека за да се стабилизира состојбата новата влада ќе мора да се реализира приоритетните реформи кои произлегоа од извештајот на Прибе, како и СЈО до крај да ја расветли аферата со прислушувањето.
Партиите вчера потпишаа Кодекс со кој се обврзаа за фер и кредибилни избори.
Изборната кампања завршува на 9 декември на полноќ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




