06 Декември, 2025
0.0265

Официјално се отворени вратите на ProLab - новата креативна лабораторија на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, поддржана од ПроКредит Банка

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2025 12:23

Добивај вести на Viber

На вчерашниот прв академски час, во присуство на студентите и професорите на Економскиот факултет, официјално беше означено отворањето на новата, современа, креативна лабораторија – ProLab, реализирана со поддршка од ПроКредит Банка.

ProLab е чекор кон модерното образование – место каде што студентите ќе можат слободно да експериментираат и да создаваат решенија за предизвиците на иднината. Новата креативна лабораторија е составена од две простории кои нудат место за тимска работа на проекти, простор за презентации и катче за релаксација. Со ProLab студентите добиваат можност за директна примена на знаењето, поврзување со колеги и развој на идеи кои можат да прераснат во реални бизнис решенија.

Проектот ProLab е замислен од студенти, за студенти. Идејата и концептотна дизајнот на просторот се должи на трудот на талентирани студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ, кои во рамки на практична настава, заедно со тимот на Super Block (Smart Living), ја преточија својата идеја во функционално и модерно решение.

На свечениот настан за отворање на ProLab свое обраќање имаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта и член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, г-дин Милан Дамчевски, со свечено пресекување на црвена лента и презентација на функциите и намената на ProLab како иновативен простор за студентска креативност, практична работа и соработка.

“Со отворањето на ProLab, Економскиот факултет – Скопје добива современ простор кој ќе им овозможи на нашите студенти да ја изразат својата креативност, да развиваат иновативни идеи и да ги претвораат во конкретни проекти. Благодарение на соработката со ПроКредит Банка, успеавме да создадеме лабораторија која ќе биде мост меѓу академската заедница и бизнис-секторот. Верувам дека ProLab ќе стане место каде што студентите ќе се мотивираат, ќе учат едни од други и ќе создаваат решенија со реална примена во општеството.“ изјави деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта.

“Денес, на првиот ден од новата академска 2025/26 година, со радост го отвораме креативниот хаб на Економски факултет насловен како ProLab, целосно поддржан од страна на ПроКредит банка од Скопје.

Во оваа пригода, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ изразува длабока благодарност до ПроКредит банка за нивната поддршка и сакам да истакнам дека со овој гест тие не вложуваат само во лабораторија, туку во идните генерации економисти, лидери и граѓани кои ќе ја движат нашата земја напред. Поддршката што ПроКредит банка ја дава на Економскиот факултет при УКИМ е израз на заедничка визија, почит и доверба. Со вакви партнерства, верувам дека создаваме посилни институции, подобри услови за учење и поквалитетна иднина за сите нас.” - изјави ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова.

„Целта со ProLab е да создадеме средина која ќе ги охрабри младите да ги претворат своите идеи во конкретни и реални проекти. Со оваа инвестиција сакаме да покажеме дека веруваме и инвестираме во потенцијалот на младите и дека заедно можеме да градиме посилна иднина.” – изјави Милан Дамчевски, Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Новите простории се веќе во употреба и се достапни за сите студенти на Економскиот факултет. Со ProLab, ПроКредит Банка и Економскиот факултет – Скопје при УКИМ заеднички поставуваат нови стандарди во академското и професионалното развивање на младите.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј