16 Декември, 2025
0.0256

ОФИЦИЈАЛНО: Султанот од Брунеи ќе го спаси Субрата Рој од затвор?

Објавено во: Свет 18 Август, 2014 10:44

Добивај вести на Viber

Султанот од Брунеи е заинтересираниот купувач на трите луксузни хотели на групацијата Сахара, со кој преговорите веќе се во завршна фаза. Со парите од продажбата на хотелите, њујоршките „Плаза“ и „Дрим хотел“ и лондонскиот „Гросвенор Хаус“, индискиот бизнисмен Субрата Рој треба да ги обезбеди потребните пари за кауција со која ќе излезе од затвор. Според индиските медиуми, Рој е многу блиску да го склучи договорот со Султанот од Брунеи, кој дал највисока понуда за трите хотели - 2,2 милијарди долари. Понудата стигнала преку инвестициска фирма, зад која стои султанот. Постигнатата цена е повисока од очекувањата. Иако Рој се наоѓа во тешка положба и практично за продажбата на хотелите преговараше од затвор, Султанот од Брунеи за имотот понудил дури и повеќе пари од оние што индискиот бизнисмен првично ги вложил за да ги купи хотелите. Субрата Рој ги купи двата хотели во Њујорк во 2012 година за околу 800 милиони долари, а лондонскиот хотел во 2010 година го чинеше 725 милиони долари. Купувањето го финансираше со позајмица од Банката на Кина. Освен ова, понудените 2,2 милијарди долари се повеќе од доволни да се покрие кауцијата од 1,6 милијарди долари што ја бара индискиот суд, за да го пушти индискиот бизнисмен од затвор. Катарското кралско семејство и Индиецот Сајрус Пунавала исто така беа во трка за да го купат лондонски „Гросвенор Хаус“, но тие не се заинтересирани за хотелите во Њујорк.  

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете