05 Декември, 2025
0.3134

Oглас за распределба на 20 социјални станови во Берово

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2013 13:07

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределување на  20 социјални станови во Берово во станбена зграда на улица „Моша Пијаде“, кои се изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија. Крајниот рок за аплицирање е 21 јуни.

Социјалните станови се наменети за решавање на станбеното прашање на лица кои се станбено необезбедени и спаѓаат во една од социјалните категории: деца без родители или родителска грижа кои имаат над 18 години а кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош. Становите ќе се распределуваат согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.

Министерството за транспорт и врски овие станови ги распределува јавно во присуство на апликантите и по електронски пат со помош на компјутерски софтвер во кој нема можност да се интервенира од страна на човечки фактор и кои ги бодира апликантите во согласност со Методологијата и според самата документација поднесена од нивна страна, се наведува во денешното соопштение од Министерството.

Сите жители на општината Берово кои се станбено необезбедени а спаѓаат во една од овие социјално ранливи категории можат да се пријават за учество во распределбата на социјалните станови. Огласот е објавен во дневните весници и на итернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Подносителот на барањето за добивање на социјален стан под закуп може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови.

Сите наведени документи во огласот, заедно со барањето апликантите ги поднесуваат до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Берово. Крајниот рок за аплицирање е 21 јуни оваа година.

Минатиот месец, триесет семејства се вселија во новите станови во објектот за социјални станови во Берово, изградени во рамки на Програмата на Владата на Република Македонија, а семејствата ги добија согласно јавниот оглас и по пат на јавна електронска распределба.

Владата континуирано ги реализира проектите и активностите кои се насочени кон подобрување на животниот стандард и решавање на прашањето за домување на граѓаните на територијата на цела Република Македонија. Проектот за домување на социјално ранливите групи опфаќа изградба на 35 објекти во 26 градови на територијата на Република Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите