05 Декември, 2025
0.0408

Огласот за гасификацијата е поништен оти едната понуда е прескапа, а другата без банкарска гаранција!

Објавено во: Македонија 20 Март, 2013 13:08

Добивај вести на Viber

Министерството за траснпорт и врски информира дека огласот со кој се бараше изработка на физибилити студија за развој на гасоводните мрежи низ Македонија е поништен откако и двете понуди не ги задоволиле критериумите. „Ве информираме дека согласно рокот за доставување понуди по објавениот оглас за  изработка на физибилити студија за развој на дистрибутивни мрежи на природен гас во Република Македонија, беа доставени вкупно две понуди“, се вели во одговорот на Министерството. „Првата понуда е отфрлена од страна на комисијата која ја спроведува јавната набавка од причини што економскиот оператор не доставил банкарска гаранција на понудата во оригинал, а втората понуда е отфрлена од страна на комисијата која ја спроведува јавната набавка од причина што истата ја надминува проценетата вредност утврдена за оваа јавна набавка. За разликата во висината на двете понуди, пред донесување на одлуката за поништување на постапката се прибавени и соодветни мислења од Бирото за јавни набавки и Народната банка на Република Македонија“, велат од ресорното Министерство. Оттаму додаваат дека по истекот на рокот за жалба на решението за поништување на постапката, огласот ќе биде повторно објавен, што се очекува да биде во текот на следната недела. Од понудувачите Владата бараше да имаат најмалку 5 изработени студии за гасификација со слична содржина и обем во последните 5 години (од кои најмалку 2 треба да се со меѓународно искуство), во последните 5 години да има искуство во проектирање на гасни инсталации (нископритисни гасоводи и гасни инсталации во индустрија), најмалку 10 проекти за што како доказ треба да достави потврди од нарачател за квалитетно извршени услуги.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски