28 Септември, 2024
0.0468

„Огнените“ на нова средба со лидерот на ДУИ, Ахмети негира „двојни аршини“

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Изет Меџити, неформалниот лидер на „огнената грула“ и Муса Џафери, заедно со Блерим Беџети и Невзат Бејта утре ќе одржат собир со структури на ДУИ и граѓани во Кичево, каде ќе имаат средба и со лидерот Али Ахмети. Според пишувањата на медиумите, средбата треба да се одржи во Зајас.

Вечерва Ахмети на собир со бизнисмени во Тетово, призна постоење на група во партијата со која „постојат недоразбирања“ и нагласи дека е „искрен со сите во ДУИ'.

Од 'групата на Муса' многу се зборува, де ова не го прави Али, де она не го прави...Браќа, не бива политика со двојни аршини. Јас не сум човек кој едно зборува, а  друго работи, зашто тоа претставува лицемерие. Верувам дека моето  40-годишно ангажирање даде доволни докази дека јас директно зборувам и се обраќам. Тоа и на Црвенковски, потоа на Груевски и на Заев сум им го кажал, како и на НАТО и на ЕУ, дека тој што го гледате на телевизија, тој со кого разговарате на телефон, тој е истиот Али Ахмети и кога директно разговара со вас и комуницира со луѓе. Но, што да се прави, таква е ситуацијата. Грешат“ - рече Ахмети на прашањето за проблемите од „групата на огнените“, објавува МКД.мк.

Воедно Aхмети најави дека утре ќе има собир со граѓани и сопартијци во Боговиње.

Инаку, Ахмети на средбата со група бизнисмени од Тетово зборувал и на други теми, при што нагласил дека секогаш се залагал за каузата на Албанците, но и дека отсекогаш ја бранел, како што рече, каузата на Македонците. 

- Сум бил и натаму ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, на нивниот идентитет, јазик и култура - посочи Ахмети притоа додавајќи дека заедно сите граѓани на земјава треба да се сплотат кон целта за добивање членство во ЕУ.

По оваа изјава, следуваше реакција од поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, токму на темата бранење на идентитетот и јазикот на македонскиот народ. 

Можеби ќе ве интересира

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност