Ограбиле стан во Скопје - „пленот“ 400.000 денари
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Во полициската станица во Ѓорче Петров, Д.С. (32) синоќа во 21.10 часот пријавил дека истиот ден околу 20.45 часот на улица Шидска, во станот на неговиот брат, бил нападнат од две непознати лица.
Едниот од нив со остар предмет го повредил во пределот на раката, по што успеале да пронајдат и одземат околу 400.000 денари и го напуштиле местото на настанот. Д.С. е пренесен во Ургентниот центар Скопје за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.