19 Декември, 2025
0.0528

ОХИС е рекордер во неуспешни тендери, но тоа не е утеха за работниците, агонијата продолжува!

Објавено во: Економија 04 Мај, 2013 23:15

Добивај вести на Viber

По пропаста на последниот, 11 тендер за продажба на загубарот Охис ќе има нов. На последниот тендерска документација подигнaa четири компании, но ниту еден од потенцијалните инвеститори не достави понуда до Министерството за економија  до крајниот рок, пред 10-тина дена. Според последните информации од Синдикатот, производството во Охис веќе одамна е запрено, а на работа одат само стотина работници кои се грижат за безбедноста на загубарот. Околу 700-тини вработени пак, веќе неколку месеци се на принуден одмор. За вработените, најголе проблблем се неисплатените 15 плати. Охис, минатата година ја заврши со загуба од околу 4,5 милиони евра (279.842.000 денари). Според податоците кои компанијата ги објави на берзата, оперативната загуба за 2012 година достигнаа околу 3,6 милиони евра. Финансиските приходи пак, изнесуваат 12.650 евра, додека расходите околу 879.140 евра. Сега ќе има вов обид на Министерството за економија за привлекување на инвеститор на државниот загубар. Ќе се менуваат повторно критериумите за продажба, најави министерот за економија Ваљон Сараќини, потег со кој треба да се реши судбината на 800 луѓе. Но вработените, уморни од ветувања не се уверени во успешноста и на овој 12 ти тендер. Во вторник синдикатот ќе има состанок со раководството на државниот загубар – средба на која ќе се одлучи дали да се излезе на протест пред Илинденска. Инаку, само во првите три месеци од годинава, некогашниот хемиски гигант, Охис, потона за уште еден милион евра. Во периодот јануари-март минатата година пак, Охис регистрираше загуба од 605.480 евра. Ова покажува дека загубарот наместо да ги подобрува своите резултати, ја продлабочи дупката во својот буџет за 72% за само три месеци. Во првиот квартал од годинава Охис инкасираше и помалку пари од продажба – 218.360 евра, наспроти собраниот еден милион евра во првите три месеци лани. Приходите од домашниот пазар во периодот јануари – март годинава се помали за речиси 80% во спореба со истиот период лани. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра