Добивај вести на Viber
Еден од четирите државни загубари, Охис, минатата година ја заврши со загуба од околу 4,5 милиони евра (279.842.000 денари). Според податоците кои компанијата ги објави на берзата, оперативната загуба за 2012 година достигнаа околу 3,6 милиони евра. Финансиските приходи пак, изнесуваат 12.650 евра, додека расходите околу 879.140 евра. Сега, пак се спрема за продажба.
Нов обид на министерството за економија за привлекување на инвеститор на државниот загубар.
Како што извести 24 Вести, ќе се менуваат повторно критериумите за продажба, најави министерот за економија Ваљон Сараќини, потег со кој треба да се реши судбината на 800 луѓе.
Во вторник синдикатот ќе има состанок со раководството на државниот загубар – средба на која ќе се одлучи дали да се излезе на протест пред Илинденска.
Ова ќе биде 12-ти тендер за продажба на ОХИС.
Загубите на фирмата
Инаку, само во првите три месеци од годинава, некогашниот хемиски гигант, Охис, потона за уште еден милион евра. Во периодот јануари-март минатата година пак, Охис регистрираше загуба од 605.480 евра. Ова покажува дека загубарот наместо да ги подобрува своите резултати, ја продлабочи дупката во својот буџет за 72% за само три месеци.
Во првиот квартал од годинава Охис инкасираше и помалку пари од продажба – 218.360 евра, наспроти собраниот еден милион евра во првите три месеци лани. Приходите од домашниот пазар во периодот јануари – март годинава се помали за речиси 80% во спореба со истиот период лани.
На годишно ниво Охис прокнижи загуба од 4,5 милиони евра!
Еден од четирите државни загубари, Охис, минатата година ја заврши со загуба од околу 4,5 милиони евра (279.842.000 денари). Според податоците кои компанијата ги објави на берзата, оперативната загуба за 2012 година достигнаа околу 3,6 милиони евра. Финансиските приходи пак, изнесуваат 12.650 евра, додека расходите околу 879.140 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.