Добивај вести на Viber
За вработените дополнителен проблем се и неисплатените 15 плати. Синдикатот цела недела чека Владата конечно да ја запре голготата на вработените и да ја реши судбината на Охис. Но, од Владата за сега молк. Премиерот и владиниот економски тим не се во државава речиси една недела.
Само во првите три месеци од годинава, некогашниот хемиски гигант, Охис, потона за уште еден милион евра. Во периодот јануари-март минатата година пак, Охис регистрираше загуба од 605.480 евра. Ова покажува дека загубарот наместо да ги подобрува своите резултати, ја продлабочи дупката во својот буџет за 72% за само три месеци.
Во првиот квартал од годинава Охис инкасираше и помалку пари од продажба - 218.360 евра, наспроти собраниот еден милион евра во првите три месеци лани. Приходите од домашниот пазар во периодот јануари – март годинава се помали за речиси 80% во спореба со истиот период лани.
Драматичен раст на трошоците за амортизација и оштетување од дури 130.000 евра?!
Оперативна загуба од дури 985.463 евра покажува консолидираниот финансиски извештај на Охис за првото тримесечје годинава. За истиот период лани, оперативната загуба на Охис беше речиси двојно помала, односно 424.244 евра.
Драматичен раст на трошоците Охис има за амортизација, оштетување на средствата и резервирање. Според извештајот доставен до Македонската берза, за оваа ставка годинава Охис потрошил дури 193.463 евра, за разлика од потрошените 12.373 евра во првите три месеци лани.
На годишно ниво Охис прокнижи загуба од 4,5 милиони евра!
Еден од четирите државни загубари, Охис, минатата година ја заврши со загуба од околу 4,5 милиони евра (279.842.000 денари). Според податоците кои компанијата ги објави на берзата, оперативната загуба за 2012 година достигнаа околу 3,6 милиони евра. Финансиските приходи пак, изнесуваат 12.650 евра, додека расходите околу 879.140 евра.
Евидентна е и оперативната загува на Охис и на годишно ниво. Трошоците за вработени лани достигнаа 3,2 милиони евра, а за продажба милион евра.
Инвеститорите бегаат од Охис. Има ли Владата стратегија?!
Пропадна и последниот, 11 тендер за продажба на загубарот Охис. Иако тендерска документација подигнaa четири компании, ниту еден од потенцијалните инвеститори не достави понуда до Министерството за економија до крајниот рок, пред 10-тина дена.
Според последните информации од Синдикатот, производството во Охис веќе одамна е запрено, а на работа одат само стотина работници кои се грижат за безбедноста на загубарот. Околу 700-тини вработени пак, веќе неколку месеци се на принуден одмор. За вработените, дополнителен проблем се и неисплатените 15 плати. Синдикатот цела недела чека Владата конечно да ја запре голготата на вработените и да ја реши судбината на Охис. Но, од Владата за сега молк.
К.П
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.