18 Декември, 2025
0.0357

Охридска банка воведе ИН-КАРДС: Картички со осигурување

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2015 13:29

Добивај вести на Viber

Охридска банка лансира нова карактеристика достапна за платежните картички: осигурување на картички (Ин-Кардс). Ова претставува уникатна понуда на македонскиот пазар.

Платежните картички од Охридска банка се осигурани почнувајќи од 1 февруари 2015 година со директен бенефит за сите картички вклучително и за веќе издадените.

Сите МастерКард картички (освен Маестро) и ВИЗА платежни картички - дебитни, кредитни, бизнис - се покриени со неколку осигурителни услуги.

Осигурувањето е бесплатно за имателите на картичките.

Оваа нова карактеристика, инкорпорирана во картичките на Охридска банка вклучува сеопфатна листа на неживотно осигурување. Предностите се сегментирани во зависност од типот на картичката. Осигурителното покритие започнува од базична медицинска помош и помош при патување за дебитни и кредитни картички и се проширува на осигурување во случај на задоцнување на багаж, смрт како резултат на несреќа и траен инвалидитет за бизнис и голд картичките.

Ова е уникатна понуда на пазарот воведена за првпат од Охридска банка и истата вклучува бројни предности. Клиентите имаат директна придобивка при патување преку добивање на:

  •  Осигурување што е валидно веднаш, без потреба од апликација;
  •  Без дополнителни трошоци во случај на неочекувани настани;
  •  Финансиска безбедност за имателот на картичката и неговото семејството во случај на несреќен настан;
  •  Светска покриеност за неограничен број на патувања во странство;
  •  Компатибилно решение во однос на патничкото осигурување обезбедено од страна на клиентот за патување во странство.

После кредитното животно осигурување воведено пред две години на пазарот, Ин-Кардс е вториот производ за осигурување воведен од страна на Охридска банка.

Постојните и нови корисници на картички детални информации за Ин-Кардс можат да добијат во експозитурите на Охридска банка.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа