Охриѓани лути на Каракачанов, сметаат дека државата реагираше благо на провокацијата
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2021
Повеќето охриѓани се револтирани затоа што во неколку наврати партијата на екс бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД во рекламни спотови го претставува нивниот град како дел од бугарското наследство. Велат дека ова е обид за присвојување на дел од македонската историја.
Воедно, сметаат дека нашата Влада реагираше благо на овие провокации. Сепак, велат дека тоа е виша политика, за која обичниот народ нема доволно информации.
„Секако дека тоа ме навредува во секој поглед. Мислам дека Владата благо реагираше, и не знам со договорот кој е потпишан дали можат да реагираат поинаку, со протестна нота. На многу луѓе ова им пречи. Единствено оние кои се декларираат како Бугари можат да не бидат испровоцирани од такво нешто“, вели Никола П. жител на Охрид.
Но, од помладите има и луѓе кои ниту слушнале, ниту виделе дека кадри од Охрид се најдоа во бугарски спот за предизборна кампања. Повозрасните редовно следат што се случува на политичката сцена, и се сомневаат дека ова ќе биде последна провокација.
„Ако некој пред мене каже дека Охрид е бугарски град, јас секако ќе реагирам и ќе се спротивставам. Мене тоа ми пречи и јас со тоа не се согласувам, а секој не мора да се сложи со моето мислење. Мислам дека тука нема да запрат со провокации“, објаснува Вера, пензионерка од Охрид.
Охрид е бугарски, колку што жителите на Охрид се лондончани, вели Ристе И, помлад жител на Охрид.
„Сеедно не ми е, но има луѓе на кои навистина им пречат таквите провокации. Можеби требаше Владата и поостро да реагира, но пак ќе кажам за нас граѓаните, тоа е виша политика. Сметам дека тој спот е направен за политички цели, и дека понатаму нема да има такви постапки, затоа што притисокот ќе биде на нивна страна“, додава тој.
Многумина велат дека и да им пречи, и да ги навредува ваквата постапка од бугарска партија, не можат ништо да сменат.
„Тоа не е во ред, но не очекувам дека тие провокации не прекинат, и какво фајде има ако ние граѓаните реагираме, а државата молчи“, рече Тивен Пазаркоски, граѓанин на Охрид.
Од македонското Министерство за надворешни работи реагираа дека објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности.
Претходно, и кадри од Скопје имаше во бугарски спот. Лани европратеникот Ангел Џамбаски рече дека „Велес е прекрасен бугарски град“.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.