OJO ЗА ПОЖАРОТ: Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела против општата сигурност, се бара притвор

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 16:28
Седум полициски службеници се осомничени за Тешки дела против општата сигурност, соопштија од Обвинителството.
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.
„Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16 март 2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети условите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица“, велат од ОЈО.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани.
Можеби ќе ве интересира
ТИЈАНА ОТКРИВА ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАНЧО: Бил надвор од животна опасност

КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА СО БЛАГОДАРНОСТ: „Ни помогнаа во овие тешки моменти“

ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Изградба на пречистителна станица во Скопје: Пари досега само за „раздвижување“

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕВРОПА СЕ ЗА СЕКОЕ ПОЗДРАВУВАЊЕ: Д-р Лазаров за помошта од дијаспората за семејствата на пациентите сместени во странство

СЕМЕЈСТВАТА СЕ ЗАДОВОЛНИ, ЧУВСТВУВААТ ЗАШТИТА ОД ДРЖАВАТА: Еве колку лица добија авионски карти за да бидат со блиските во странските болници

ПОЗНАТО КОГА СЕ ВРАЌААТ ПРВИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД СТРАНСТВО ШТО БЕА ПОВРЕДЕНИ ВО КОЧАНИ: Клековски сподели информации

ОГНОТ Е ВИДЛИВ ОД БИТОЛА: Гори големо стрниште крај Црна Река

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсен Папазов и неговите претходници
