22 Март, 2025
0.0434

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 11:48

Добивај вести на Viber

Корупцијата нѐ убива. Со оваа реченица во разговор за Фактор долгогодишниот „безбедњак“ и истакнат професор Владимир Пивоваров ја опишува целата несреќна и кобна судбина што ја снајде државата, откако во страотен пожар во импровизирана дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лиѓе.

Неговата последна функција, пред пензионирањето, беше национален координатор за гранично управување, но претходно долги години беше професор, беше шеф на военото разузнавање и контраразузнавање, а долги години работеше и во Министерството за внатрешни работи и како заменик началник на Управата за внатрешни работи на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

„Јас им кажав на сите функционери досега со кои сум соработувал, меѓу нив и на Зоран Заев, но и на другите, а тоа секогаш и јавно сум го изјавувал, дека ако вака продолжиме, ќе завршиме во бездна. И еве, тоа и се случи“, вели Пивоваров, алудирајќи на последната страотна несреќа во Кочани.

Еве со каква корупција тој се соочил додека работеше на последната функција, кога работеше како национален координатор за гранично управување.

„Јас имав обврска за наодите на граница да известувам седум министерства и пет дирекции. Значи, им доставувам  јасна снимка од видео надзорот што ги регистрирал сите нелегални дејствија на цариниците и полицајците, значи каде што е целосно видлива корупцијата, и на тоа добивам одговор од МВР дека тоа што ние сме го документирале преку видео надзорот, но тие тоа, замислете, не можеле да го докажат. Значи, сите ние, и граѓаните, гледаме дека на граничните премини нешто не е во ред, но никој никого не контролира, нема хиерархија, никој не е санкциониран за своите дејствија.

Се сеќава дека уште пред многу години, како млад началник работел на Табановце, за три години за примање мито биле уапсени 96 цариници и 115 полицајци, од активниот и од резервниот состав, и од нив за оваа корупција во затвор завршиле само тројца, односно двајца полицајци и еден цариник.

„Ете до толку е корумпиран судскиот систем“, вели Пивоваров, набројувајќи бројни други примери како вовед како низ годиниве системот беше трул и корумпиран и доведе до ова денеска.

И кочанскиот случај бил последица на целата корупција која се случувала со години, а за која сите се правеле дека не ја гледаат. И фактот што речиси сите институции кои биле надлежни и што требале ова да го превенираат, практично не функционираат.

„Институциите се нефункционални поради две работи. Првата е корупцијата, а втората е партократијата, додека, пак, Европа нас ни бара меритократија, а тоа значи да напредуваат највредните, најспособните и најчесните. Партократијата, пак, е кога во институциите се вработуваат луѓе некомпетентни и без интегритет, а чии дипломи обично се стекнати без знаење, значи или фалсификувани или купени. Кога тие ќе влезат во институциите на таков корумпиран начин, тие продолжуваат и во нив да работат со корупција. Затоа ова ни се случи“, објаснува Пивоваров. 

Професорот вели дека, барем според она што кочанчани го пишуваат на социјалните мрежи, во последнава година во таа дискотека биле одржани дури 26 концерти.

„Како тоа не го гледала Полицијата. Секој орган на МВР, како што е случајот и со оној на Кочани, си имаат свои реони, и за секој пооделен реон постои соодветен елаборат, во кој полицаецот што е задолжен за за тој реон, мора да наведе буквално се, па точно и за една продавница да се отвори, треба да се наведат сите податоци за неа, во смисла кој е сопственик, дали има легална дозвола, дали ги има сите потребни лиценци. Кочани е мал град, и во него сите знаат се, и не може полицајците да не знаеле за таа дискотека дека работи нелегално. А уште повеќе за ноќен клуб, треба да се наведе се за тој ноќен клуб, од сите дозволи, лиценци, услови... Еве сега слушаме дека тој ноќен клуб работел нелегално, но дури и да работел легално, каде биле сите инспекции, Пазарна, Трудова, УЈП. Слушаме дека тој објект цела година работел со блокирана сметка, каде била тука УЈП да открие дека се работи со таква сметка. Целта на таа институција е да се бори против сивата економија. Пазарната инспекција требало да контролира за фискални сметки, трудовата за вработените. градоначалникот издава одобрение. Слушаме дека имало два влеза, од кои едниот бил затворен. Да имало поголем број на влезни и излезни врати, бројот на жртви ќе беше многу помал. Обезбедувањето е должно на влезот да не дозволи да влезат деца под 14 години, а малолетните лица не смеат да се задржуваат повеќе од 12 часот на полниќ. Ако објектот бил легален, од МВР морало да се бара одобрение за организирање настани, и надлежниот орган мора да направи проценка и ако тој настан носи ризик, треба да се забрани“, објаснува Пивоваров.

Вели дека и присуството на полициските сили во тој субјект треба да се разјасни. Имено, ако се правело рација, тоа значи дека се вклучени повеќе инспектори и тие имаат право да го ограничат движењето на сите во тој објект, но за тоа да се изведе се потребни цел список на документи кои претходно треба да се обезбедат. 

„Треба точно да се знае кој полицаец што контролира. Него му се потребни технички средства за работа. Ако е тим на МВР, треба да се знае дека се изведува поробусна акција. Еве слушаме дека загинал полицаец од Пробиштип, и притоа треба да се знае дека кога се праќа колега од друг град на задача, тоа треба да биде под строга наредба на министер и началникот од тој реон, точно треба да се наведе кои дејствија треба да ги спроведе тој полицаец на друга територија, точно се знае дека зел дневници, патни трошоци, се тоа треба да биде евидентирано“, објаснува овој поранешен долгогодишен полициски работник. 

Додава и дека доколку полицајците знаат дека сопственикот на одреден локал е близок до одредена политичка опција, кај нив има страв правилно да ги спроведат контролите. Голем проблем, според Пивоваров, е што многу локални инспектори од МВР имаат и други дополнителни дејности, на пример во угостителството, возат такси и слично. И никој тоа не го контролира. 

Околу истрагата која се води, вели дека таа треба да разјасни дали лиценцата е фалсификувана од страна на сопственикот или, пак, е направен фалсификат во Министерството за економија. 

„Инаку, градоначалникот издава употребна дозвола, а тоа е основа Министерството за економија да издаде дозвола за работа, но притоа да бидат исполнети потребните услови. Треба да се направат градежни инспекции, за противпожарна заштита, бројот на врати и слично. МВР дава согласност за безбедносни услови, вели овој експерт, додавајќи дека полицијата морала да знае дека во овој мал град некој со години приредувал илегални забави“, објаснува Пивоваров. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки