Oколу 2.000 вработени во хрватското електростопанство ќе добијат отказ
Објавено во: Балкан 04 Март, 2013
Хрватското електростопанство почна процес на реструктуирање во рамките на кој компанијата треба да ја напуштат нешто помалку од 2.000 вработени, пишува весникот „Вечерњи лист“.
Според весникот, вработените ќе добијат отпремнина од околу 30.697 евра, додека некои раководни лица и двапати повеќе.
Хрватското електростопанство тврди дека со вложени 59 милиони евра за отпремнини, до крајот на 2016 година очекуваат да остварат заштеда од околу 79 милиони евра.