19 Декември, 2025
0.0521

ОКТА ја оштетила Грција за 30 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Април, 2013 19:30

Добивај вести на Viber

Немам дадено наредба да се замрзне контролата врз било која компанија – вели грчкиот екс министер против кого е покренато обвинување дека и помагал на компанија за транспорт на нафта од Грција во Македонија, да биде ослободена од ДДВ-то. Во соопштението Димитрис Куселас ги потврдува информациите кои дека се работи за Вардакс, подружница на Хеленик Петрелеум, матичната фирма на македонска ОКТА, од каде што не дадоа никаков коментар за нивната евентуална поврзаност со целиот случај. Фирмата, според грчките медиуми со неплаќањето на ДДВто во периодот 2005-2011та ја оштетила државата за околу 30 милиони евра, објави Канал 5. - Кога јас ја презедов функцијата заменик министер, во службите на Министерството се уште не беше решено прашањето дали се ослободува од ДДВ извозот на нафта од Солун до Скопје, преку гасоводот, како што важи за извоз во трети земји, кои превезуваат со автомобили, возови или бродови, земајќи го во предвид фактот дека кога се изгласа законот за ДДВ во 2000та,воопшто не беше изграден гасоводот. Мислењето што преовладуваше во службите на Министерството беше дека транспортот на нафта преку нафтоводот од Солун до Скопје, кој што ги вршеше подружницата на Хеленик петрелеум, Вардакс, е ослободен од ДДВ во согласност со членот 24 став 1 од законот за ДДВ, бидејќи се однесува на транспортот стоки што се извезуваат во трета земја, објаснува поранешниот заменик министер за финансии. Тој вели дека грчки даночен инспектор кој пријавил неплаќање данок, контролата и извештајот ги направил пред гласањето на законот, па оттука и обвинувањата за затајување и поврзаноста на Куселас.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра