05 Декември, 2025
0.0303

ОКТА лани плаќала околу 3.000 евра просечна бруто плата за своите извршните директори

Објавено во: Анализа 21 Јули, 2014 08:47

Добивај вести на Viber

Наспрема ОКТА, „Макпетрол“ лани плаќал 11.500 евра месечно на Андреја Јосифовски за загуба од 3,3 милиони евра Просечната бруто плата со вклучени надоместоци за секој од тројцата извршни директори на ОКТА изнесува 3.860 евра месечно. Единствената македонска рафинерија, во странска сопственост, лани на своите тројца извршни директори им исплатила вкупно 6,55 милиони денари (106.420 евра) за бруто плати што значи дека просечно по менаџер годишната бруто плата изнесува над 35.400 евра, односно на месечно ниво таа изнесува 2.956 евра во бруто износ. Дополнително на тоа, на тројцата извршни директори им се исплатени вкупно 2 милиони денари на име други надоместоци, што значи дека просечно трошокот на компанијата за ангажман на секој од тројцата извршни директори е 3.860 евра месечно. Ова се официјални податоци објавени во Годишниот извештај за работењето на ОКТА за 2013 година. Извештајот е потпишан од Виктор Папаконстантину, кој во тоа време бил главен извршен директор на рафинеријата. Ова е наградата за тројцата извршни директори на компанијата во годината во која ОКТА има загуба од 150 милиони денари (2,44 милиони евра). Само за споредба, Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, најголемата македонска компанија за продажба на нафтени деривати, пак, лани од плата заработил 8,5 милиони денари (138.000 евра) односно месечно добивал 11.500 евра. Во овој период „Макпетрол“ остварил загуба од 3,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од годишниот извештај на Управниот одбор на таа компанија, објавени на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Според овие податоци, акционерите на „Макпетрол“ излегуваат подарежливи од тие на ОКТА. Иако нивниот менаџмент има поголема загуба, односно полоши резултати од оние на рафинеријата, тие го плаќаат безмалку четирипати повеќе од платата што ја земаат менаџерите на ОКТА. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени