06 Декември, 2025
0.0821

Окта произведува најскап дизел во Европа!

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2013 08:29

Добивај вести на Viber

Со амин од државата и од Регулаторната комисија за енергетика, Рафинеријата Окта има изгор рафинериско дизел гориво од дури 0,728 евра за литар, што не е случај со најразвиените Европски економиии. Треба ли да се менува методологијата?  Катерина Попоска Дизелот на скопската рафинерија Окта е најскап во цела Европа. Според последната корекција на цената на горивата во земјава, дизелот во Македонија достигна 72 денари за литар, односно 1,170 евра за литар. Ако оваа цена се спореди со цената на дизелот во земјите од Европа, произлегува дека Македонија и не плаќа така скап дизел. Но, ако се анализира рафинериската цена што ја наплаќа Окта, со амин од државата и од Регулаторната комисија за енергетика, произлегува дека таа е убедливо највисока во споредба со сите 27 земји-членки на ЕУ. Рафинериската цена на дизелот што ја наплаќа Окта во Македонија изнесува фрапантни 0,728 евра за литар. АПСУРД- Зошто дизелот на Окта има највисока рафинериска цена во Европа! Структурата на малопродажната цената на дизел-горивото од Окта, која изнесува 1,170 евра, покажува дека рафинериската цена јаде најмногу од колачот, дури 0,728 евра. Дистрибутерот си наплаќа маржа од 0,052 евра за литар. Акцизата пак, зафаќа 0,199 евра, а данокот на додадена вредност околу 0,186 евра за литар. Ако овие цени се споредат со цените на дизелот во Британија, каде што во моментот дизелот е најскап во цела Европа, произлегува дека Скопската рафинерија “живее“ најдобро во споредба со Европските производители на нафта. Статистиката на Европската енергетска асоцијација покажува дека Велика Британија, Италија и Шведска се земјите со најскап дизел, цени кои се движат помеѓу 1,518-1,704 евра за литар,но Рафинериската цена во Британија во моментот е 0,514 евра. Маржата пак, што ја наплаќа дистрибутерот во оваа островска земја е повисока од македонската и изнесува 0,232 евра за литар. Ова повторно ја отвора дилемата дали цените на горивата произведени од Окта се базираат на разумна и економски оправдана методологија. Методологијата за формирање на цената на горивата во земјава секогаш како репер ја зема цената на најквалитетната нафта “брент“. Од Окта не откриваат каква нафта користат за производство на горива во Македонија. Ниту од Окта, ниту од Регулаторната комисија за енергетика признаваат дека скопската рафинерија користи исклучиво “брент“ нафта, или пак, можеби увезува поевтина и помалку квалитетна нафта.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?