19 Декември, 2025
0.0715

Олеснети услови за категоризација, ќе има нови хотели со многу ѕвездички низ Македонија!

Објавено во: Економија 27 Април, 2013 09:19

Добивај вести на Viber

Од вкупно 197 хотели во Македонија, само 13 се со 5 ѕвездички. Во Охридско -струшкиот регион, како најважен туристички центар во земјава, со високи 5 ѕвездички е категоризиран единствено хотелот „Инекс Горица“ во Охрид. Хотелиерите веќе се прилагодуват за категоријзацијата на објектите според новиот Правилник, кој неодамна го донесе Министерството за економија. На барање на хотелската фела, овој правилник е видно изменет од претходниот, со далеку полабави услови, но усогласен според европски критериуми. „Овој начин на категоризација е оценет како многу флексибилен, реален и спроведлив на терен, не те обврзува строго да обезбедиш нешто, туку овозможува да комбинираш елементи кои се бодираат. Значи, самиот угостител, според она што го има, си ги брои поените, а од збирот на поените произлегуваат ѕвездичките“, објаснуваат во Министерството за економија. Според правилникот, базените, спа-центрите или фитнес салите не се задолжитени за високорангираните хотели, но ако објектот ги поседува, добива поголем број поени а со тоа и повеќе ѕвездички. Тоа значи дека хотелите кои веќе имаат 5 ѕвезди а немаат базен, истиот не се обврзани да го изградат, но ќе мора да обезбедат дополнителни услуги кои ги предвидува правилникот, доколку сакаат да ги задржат 5-те ѕвездички. Она што според правилникот задолжително мора да го имаат хотелите од 1 до 5 звездички,  е чистотата и хигиената за објектите, рецепција со приемен хол, а за 4 и 5 звезди одвоен посебен простор за прием на гости, 100% од собите да имаат тоалет со туш или када, крпи за бришење во сите соби, загревање во сите соби, ладење во пропорционален однос на собите, постелнина со квалитет во сите соби, секојдневно менување на крпите во собата, ресторан отворен минимум 5 дена во неделата како и прифаќање на кредитни картички. За останатите содржини се добиваат поени. На пример, големината на собите се бодира така што најмалку, или 10 бодови носи соба од 14 метри квадратни, а најмногу или 25 бода носи соба од 30 метри квадратни. По 15 бода добиваат хотелите доколку располагаат со валет паркинг, портир, консиерж, лифт, по 10 бода доколку имаат обезбедно детска грижа од квалификуван кадар, конференциска сала, надворешен базен, по 8 поени доколку поседуваат сеф, контрола на бучавата на прозорците, соби со централна климатизација.. Во  Здружението на хотелиери ХОТАМ, во целост го прифаќаат најновиот правилник, за кој велат дека е донесен според условите за категоризациија на „Хотелстар Унион“ правилник кој е прифатен и веќе се применува во 11 европски држави. „Овој правилник одговара на нашите барања но и услови. Некои од хотелите кои се категоризираа по новиот правилник само добија плус ѕзведички. Така на пример хотелот Александар Палас во Скопје има 135 соби и апартмани, спа-центар и сала за фитнес и тој имаше 5 ѕвезди по стариот правилник. Сега, со новата категоризација доби ѕвезда плус, односно се смета за супериор“, вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Постапката за категоризација предвидува, угостителите да поднесат барање, а Комисија составена од претставници од Министерствата за економија и здравство, за локална самоуправа, за труд и социјална политика и претставник од туристичкото стопанство да извршат увид за категоризација. Надзорот за исполнителноста на условите го врши Државниот пазарен инспекторат. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд