Олимписките игри – од антиката до денес
Објавено во: Стил 05 Август, 2016
За првите Олимписки игри се смета дека се одржани во 776 г. пр. Хр. во чест на старогрчкиот бог Зевс. Уште оттогаш тие стануваат симбол на светскиот мир. За време на игрите влегува во сила олимписко примирје, за да можат учесниците мирно да патуваат од родните градови до местото на одржување.
Натпреварувачите биле претставници на хеленски градови-држави и се натпреварувале во спортови како атлетика, скокови, панкратион (комбинација на бокс и борење), како и спортови со коњ .
Зборот „олимпијада“ значи период од четири години. Тоа е и периодот во кој се одржуваат игрите. Наградите беа венци од маслинови листови или коронки. Траеле од еден до три дена, денес околу осумнаесет.
Игрите во античкиот свет се прекинати и се возобновуваат дури во крајот на 19 век. Првите игри, од раѓањето, се спроведуваат во 1896 година во Атина. Од тогаш наваму Олимпијадата е прекината уште неколку пати поради светските војни, иако пораките за мир, се основа на Олимписките игри уште од антиката.
Летните Олимписки игри во 1916 г, кои требало да се одржат во Берлин, се откажани поради Првата светска војна. Во 1914 година, кога војната започнува работата на изградбата на објектите не е запрена, бидејќи никој не верувал дека настаните ќе ескалираат и ќе доведат до една од најбруталните и крвави војни во историјата.
Во 1940 година и летните, и зимските игри, односно во Токио и во Сапоро, Јапонија, повторно се прекинати, поради избувнувањето на Втората светска војна. Во 1944 г, поради ескалацијата на војната, летните игри во Лондон и зимските во Кортина д'Ампецо исто се откажани.
Игрите почнуваат повторно во 1948 година со зимските натпревари во Сент Мориц, Швајцарија. Оттогаш до денес, олимписките натпревари не се прекинати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.