ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ПАРИЗ: Израелските спортисти добиле закани
Објавено во: Свет 07 Август, 2024 20:33
На Олимписките игри кои се одржуваат во Париз, спортистите од Израел добивале закани.
Олимпискиот тим на Израел објави денеска дека неколку спортисти добиле закани додека се натпреваруваат во Париз во услови на зголемени тензии поради војната во Појасот Газа и заканата од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток.
Претседателот на Олимпискиот комитет на Израел, Јаел Арад, изјави дека членовите на тимот добиле „централизирани“ закани со цел да предизвикаат „психолошки терор“ меѓу спортистите. Тој не даде повеќе детали.
Обвинителството во Париз минатата недела отвори истрага за смртни закани испратени до израелски спортисти по електронска пошта, а националната агенција за сајбер криминал го истражува протекувањето на лични податоци на некои израелски спортисти на интернет, кои оттогаш се отстранети. Олимписките игри кои почнаа на 26 јули ќе траат до 11 август.
Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел и војната уште трае.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




