29 Септември, 2024
0.0272

Оливер Спасовски: Гури не е уапсен поради тоа што е член на „Огнената група“

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Во голема полициска акција утрово беа уапсени бизнисмени, инспектори и политички функционери, а меѓу нив и Исмет Гури, поранешен заменик директор во дирекцијата на УЈП во Скопје, кој беше разрешен своевремено затоа што беше член на „Огнената група“ од ДУИ. Не треба да се заборави дека минатата недела Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево во ТВ-настап вели дека на акцијата на МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција не влијаело тоа што Гури бил бунтовник во ДУИ.

Гури и неговиот син се меѓу тројца вработени во УЈП што се уапсени за злоупотреба со финансисксиот инструмент „даночен гарант“ при што е направена штета на буџетот од околу 840 илјади евра. Осомничените се товарат за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба“, „затајување на данок и перење пари“.

Акцијата се одвивала подолго време, а била почната по сомнежи во Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР. Меѓу приведените се и бизнисмени, сметководители и инспектори.

- Не може да стане збор за политичка пресметка, единствено се водиме од борбата со криминалот и корупцијата. Тоа ниту еден момент не се заснова на верска, етичка или политичка припадност. Ние сме тука да ги обезбедиме средствата на граѓаните, а поголем престап нема од прибирање на буџетските средства. Нема потреба ниту можност да се навлегува во какви било квалификации, ова е предмет кој ја покажува цврстата определба на МВР да не отстапуваме од тоа дали некој е близок со друг, рече попладнево Спасовски во вестите на Сител.

Лидерот на „Огнената група“, Изет Меџити, веќе објави дека ќе формира нова партија чие име ќе биде објавено дополнително. Заедно со него, владеачкото мнозинство веќе загуби тројца пратеници во Собранието кои сега се опозиционери.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“